Брза, квалитетна и навремена услуга. Во вкупниот капацитет на бизнисот, производството зафаќа 60, а услугите 40 проценти. Фирмата го покрива македонскиот пазар и мал дел во Косово. Во доменот на услугите, фирмата проектира, изведува и одржува осветлувања, електрични инсталации и лесни конструкции.

Одржување на улично осветлување

КОД ИНЖЕНЕРИНГ врши одржување (сервисирање) на јавно улично осветлување. Во референтната листа на Општини каде се вршеле или се врши одржување на јавно улично осветлување се: Општина Аеродром, Опшина Бутел, Општина Велес, Општина Гази Баба, Општина Зелениково, Општина Кисела Вода, Општина Куманово и Општина Центар.

Изградба на ново осветлување

КОД ИНЖЕНЕРИНГ ПОСЕДУВА Лиценца Б за градби од втора категорија и врши изградба на нови линиии за улично осветлување. Во референтната листа на нови линии за улично осветлување се повеќе градови и општини како: Град Битола, Охрид, Скопје, Општина Аеродром, Општина Бутел, Општина Велес, Општина Кисела Вода, Општина Куманово, Општина Пробиштип, Општина Радовиш.

Браварски услуги

КОД ИНЖЕНЕРИНГ располага со машини, алати и квалификувани бравари и заварувачи за изведување на лесни метални конструкции.