ПОЛИТИКА ЗА КВАЛИТЕТ, ЖИВОТНА СРЕДИНА И ЗДРАВЈЕ И БЕЗБЕДНОСТ ПРИ РАБОТА
на Друштвото КОД ИНЖЕНЕРИНГ Д.О.О.Е.Л.
КОД ИНЖЕНЕРИНГ Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ е организација која е целосно посветена на примената на квалитетот како систем на работа. Уште од самиот почеток на работењето е во потрага за нови решенија во областа на производството како и нудење на квалитетни услуги и производи при изведбата и одржувањето на електроинсталациите како и производство на арматури и канделабри за надворешно осветлување. Високиот степен на Системот за управување со квалитет, животна средина и безбедност при работа е темел на работењето и постојаното унапредување на организацијата и истиот континуирано се надгледува и унапредува со цел да бидат усполнети Политиката и Целите на организацијата.
За таа цел Друштвото КОД ИНЖЕНЕРИНГ Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ изјавува дека:
- Ќе води грижа за долготрајна и квалитетна соработка со своите клиенти, добавувачи, подизведувачи и сите заинтересиран страни со цел обезбедување на квалитетни производи и услуги,
- Персоналот на КОД ИНЖЕНЕРИНГ Д.О.О.Е.Л. СКОПЈЕ е јадрото на организацијата, затоа Раководството својата визија, мисија и Целите на организацијата, ги исполнува преку нивната компентентност, знаење и искуство и се стреми кон нивна континуирана обука,
- Се стремиме кон примена, одржување и постојаното подобрување на Интегрираниот Систем за управување со квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа според барањата на ISO 9001:2015, ISO 14001:2015 и ISO 45001:2015, а тоа го постигнуваме врз основа на анализа на нашите процеси, идентификација на ризиците и можностите, аспектите врз животната средина, исполнување и надминување на очекувањата на сите заинтересирани страни,
- Едукација и подигање на свеста на вработените за превентивно делување и постојано подобрување на квалитетот во работата, заштитата на животната средина и заштита на здравјето и безбедност при работа на нашите вработени,
- Разгледувања на мислењата и сугестиите на сите заинтересирани страни и превземање на сите адекватни мерки, поради унапредување на Интегрираниот Систем за управување со квалитет, животна средина и здравје и безбедност при работа,
- Континуирано преиспитување на Политиката и Целите на Друштвото за квалитет, животна средина и безбедност при работа на компанијата од страна на највисокото раководство,
- Оптимално искористување на ресурсите, намалување на отпадот и негова селекција,
- Исполнување на сите законски барања за заштита и управување со животната средина и заштита на здравјето и безбедност при работа на сите заинтересирани страни,
- Минимизирање на испуштањето на отпадни материи во животнате средина и емисии во воздухот, со контрола на загадувањето, и каде што е можно намалување, рециклирање и повторно искористување на отпадот и чување на ресурсите и инвестициите на најдобар можен начин,
- Исполнување на барањата на Законската регулатива, и поддршка во процесот на примена на законските прописи од областа на заштитата на животната средина и безбедноста на вработените, подизведувачите, добавувачите и другите заинтересирани страни.